Столбот на одбраната на Хрватска се прости од репрезентацијата

Искусниот стопер Дејан Ловрен се одлучи да прости од репрезентацијата на Хрватска. Тој својата одлука ја објави на социјалните мрежи.

Ловрен беше дел од репрезентација кога овој тим го освои сребрениот медал во 2018 година и бронзата во 2022 година. За репрезентацијата одигра 78 натпревари, и постигна пет гола.

„Верувајте ми оваа одлука ја донесов со отворено срце и после долго размислување. Доста тешко ми паѓа ова додека го пишувам, пробувам да не заплачам, а веќе добро ме познавате како човек со срце и нескриени емоции. Дојде и тој ден кога одлучив да кажам збогум на хрватската репрезентација, иако себе си се гледам како жесток навивач кој секогаш ќе ја бодри репрезентацијата. Од дете сонував да играм на големи натпреварување, со најубавиот дрес. „Бело-црвениот“ дрес со гордост го носев девет години и никогаш нема да го заборавам тоа посебно почувство кога на себе ја имав облеката на супермен. Се чувствував моќно, самоуверено, токму како и мојот херој Супермен“, напиша Ловрен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06)

Се вчитува...