Столбот во одбраната на Струга ТЛ замина во Азербејџан

Екипата на Струга ТЛ на само еден ден пред почетокот на новата сезона, остана без столбот во одбраната, Маудо Ламин Жарже. Високиот дефанзивец се пресели во Азербејџан, и во новата сезона ќе го носи дресот на Шафа од оваа земја. Потпиша двегодишен договор.

Жарже една и пол сезона го носеше дресот на Струга ТЛ, и со добрите игри го сврте вниманието кон себе, а азебејџанскиот тим го ангажираше во своите редови. За стружани одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, и постигна два гола, а доби и осум жолти картони.

Претодно овој стопер играше во Сандефјорд, Елфсборг, Слован Братислава, Австрија Виена, Сабаил и Жил Висенте. За репрезентацијата на Габон има одиграно два меча.

Се вчитува...