Столе Димитриевски го продолжува договорот со Валенсија до 2028 година!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ќе остане на голот на шпанскиот прволигаш Валенсија уште две дополнителни сезони, откако клубот од „Местаља“ донесе одлука да ја активира клаузулата за продолжување на неговиот договор, пренесува шпански Ас.

Како што пренесува реномираниот шпански весник со оваа одлука, соработката меѓу македонскиот чувар на мрежата и „лилјаците“ е официјално продолжена до јуни 2028 година.

Димитриевски во Валенсија дојде на стартот на сезоната 2024/2025 и иако на почетокот беше резерва, одличните партии во вториот дел на тековната сезона го примораа раководството на клубот да го продолжи договорот со одличниот македонски голман.

Се вчитува...