Столе Димитриевски од клупата го проследи дуелот на поранешниот и сегашниот клуб

Македонскиот репрезентативен голман не доби шанса за настап ниту на денешниот натпревар помеѓу неговиот поранешен клуб Рајо Валекано и сегашниот Валенсија во 14. коло од Ла Лига кој заврши со реми од 1-1.

Рајо прв поведе со голот на Менди во 37. минута од средбата, а изедначувањето вредно бод за гостите го донесе Лопез во 64. минута.

По поделбата на бодовите Рајо се врати искачи на деветтата позиција на табелата со 17 освоени бодови, додека Валенсија сега е на 15. позиција со 14.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...