Столе Димитриевски со „чиста мрежа“, но само за бод против Селта

Рајо Валјекано освои еден бод на домашен терен од Селта и така дојде до 22-риот бод во Ла Лига. Она што е најважно, македонскиот голман Столе Димитриевски ја сочува мрежата, но тоа и благодарение на добрата одбрана на Рајо која одлично ја заврши работата.

Рајо во финишот не успеа да реализира една добра прилика за да дојде дури и до победата од овој натпревар што ќе ги лансираше и во првите пет во Шпанија.

За Столе Димитриевски останува уште натпреварот од Купот во недела против Молјеруса, и потоа доаѓа на собир со репрезентацијата за дуелите со Финска и со Азербејџан. Потоа лседува пауза поради Мундијалот, а следниот меч Рајо ќе го игра на 31. декември против Џирона.

Се вчитува...