Столе добива конкуренција – холандски џин потпишува за Валенсија

Валенсија летово ја активираше клаузулата во договорот со Столе Димитриевски продолжувајќи ја соработката со нашиот репрезентативец до јуни 2028 година, но тоа не значи дека македонскиот гоолман ќе има загарантиран првотимски статус.

Тоа стана повеќе од јасно откако Валенсија од почетокот на летово бараше уште еден чувар на мрежата, за денеска конечно да ја заврши таа потрага. На „Местаља“ попладнево ќе пристигне Кејн ван Оевелен, 23-годишен голман висок 199 сантиметри кој доаѓа на едногодишна позајмица од Ипсвич.

Новиот премиерлигаш летово го доведе Холанѓанецот во своите редови, но тренерот О’Нил дал зелено светло тој да замине во друг клуб каде би имал повеќе шанси да брани.

Димитриевски го мина првиот дел од ланската сезона како резерва, но во последните месеци конечно доби шанса и максимално ја оправда довербата Останува да се види дали тоа сепак ќе биде доволно за Македонецот да остане прва опција и за новата сезона или тренерот Корберан повторно ќе експериментира со една од најважните позиции во тимот.

Се вчитува...