Столе и Рајо поразени од Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано загубија на домашен терен од фаворитот Атлетико Мадрид со 1-2 во последниот натпревар од денешната понуда во 28. коло во шпанската Ла лига.

Сите дилеми околу победникот гостите ги решија во првото полувреме. Молина во 22. минута донесе водство за Атлетико од 0-1, додека конечните 0-2 беа дело на Хермосо во 24. минута. За издвојување е и директниот црвен картон на фудбалерот на домашните Лехеуне во 62. минута. И покрај тоа што останаа со играч помалку домаќините успеаја да намалат на 1-2 во 85. минута преку Фран Гарсија.

Нашиот Столе Димитриевски повторно се најде во стартниот состав на својот тим и го одигра целиот натпревар.

 

Се вчитува...