Столе и Рајо со реми на гостувањето кај Хетафе (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано одиграа без голови 0-0 на гостувањето кај Хетафе во натпревар од 35. коло во шпанската Ла лига. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а неколкуте солидни шанси на домашните фудбалери успеа без поголеми проблеми да ги скроти македонскиот чувар на мрежата.

Израмнетата игра продолжи и во вториот дел во кој гостите беа за нијанси подобар противник, но не успеаја да ги искористат своите шанси па до крајот мируваа мрежите. Со овој бод Рајо останува на 12. место на првенствената табела со 42 бода, додека Хетафе е петнаесетти со 37 бода.

 

 

 

Се вчитува...