Столе и Валенсија со пораз на контролата против Њукасл (ВИДЕО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија загубија од Њукасл со 1-2 во контролен натпревар кој се одигра на „Местаља“.

Шпанскиот тим поведе со 1-0 уште во 5. минута со голот на Угриновиќ. Голем проблем за домаќините беше големата глупост која ја направи Гаја во 36. минута по која доби директен црвен картон. Сето ова премиерлигашот го искористи во второто полувреме. Виса во 52. минута израмни на 1-1, додека конечните 1-2 беа дело на истиот фудбалер во 76. минута.

Димитриевски беше стартер за неговиот тим и го одигра целиот натпревар.

Valencia 1-[2] Newcastle – Wissa 75'
byu/Woodstovia insoccer

Се вчитува...