Столе не успеа да одбрани пенал, Рајо во финишот до бод против Леванте (ВИДЕО)

Леванте и Рајо Валјекано одиграа без победник 1-1 во натпревар од 4. коло во шпанската Ла лига. Домаќините поведоа во 39. минута кога Марти го совлада македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски од пенал. Конечните 1-1 ги постави Гвардиола во 93. минута.

Енис Барди како што беше соопштено и претходно поради повреда која ја заработи во квалификациските дуели на Македонија за Светското првенство 2022 во Катар мораше да го пропушти овој натпревар.

 

 

 

Се вчитува...