„Столе сообраќаецот“ делеше билети за ЛШ (ВИДЕО)

Капитенот на ракометниот првак Вардар, Стојанче Стоилов, заедно со Даинис Криштопанс во улога на асистенти на сообраќајната полиција, делеа билети за претстојниот меч од ЛШ против Рајн Некар Левен на булеварот „Јане Сандански“, пред ТЦ Бисер. Оние што не ги користеа безбедносните ремени во возилата добија предупредување, а оние што се придржуваа до сите сообраќајни правила беа наградени со билет.

Средбата Вардар – Рајн Некар е прогласен за меч на колото во лигата на шампионите. Дуелот е закажан за во сабота, 6 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...