Стоп за Волфсбург, Лајпциг ја понижи Херта

Хофенхајм е тимот што прв го совлада Волфсбург во новата натпреварувачка сезона, откако денеска на домашен терен триумфираше со 3-1 над тимот што беше рамо до рамо со Баерн во пресрет на денешното коло. Волфсбург имаше четири победи и едно реми во првите пет кола, а денеска и прв поведе со голот на Баку во 25. минута. Хофенхајм се врати во вистински момент, со погодокот на Крамариќ пред самиот крај на првото полувреме, за домаќините потоа во вториот дел да направат целосен пресврт преку Баумгартнер и Кадерабек.

Лајпциг на домашен терен ја декласираше Херта со 6-0. Нкунку беше двоен стрелец за победничкиот тим, а по еднаш мреата на гостите ја затресоа Мукиеле, Поулсен, Форсел и Хаидара.

Баер Леверкузен со голот на Вирц славеше над Мајнц со 1-0, а со идентичен резултат триумфираше и Унионт Берлин на дуелот со Арминија, со погодокот што во 88. минута го постигна Бехренс.

Резултати Германија:

Баер Л. – Мајнц 1-0, Ун. Берлин – Арминија 1-0, Лајпциг – Херта 6-0, Хофенхајм – Волфсбург 3-1, Ајнтрахт – Келн 1-1.

Се вчитува...