Страшен пад на Маркез при 160 километри на час (видео)

Марк Маркез имаше многу среќа да мине без посериозни повреди по денешниот пад за време на квалификациите на патеката во Херез, откако шпанскиот мотоциклист загуби контрола пред еден свиок и излета од  патеката.

Маркез во тој момент се движеше со брзина од 160 километри на час, по излетувањето во песокот тој заврши во заштитната ограда, но за среќа го избегна моторот кој се преврте и падна во негова непосредна близина.

Репсол Хонда објави дека повеќекратниот светски првак нема посериозни повреди, но се очекува врз Маркез во текот на денот да бидат извршени детални лекарски прегледи, пред да добие зелено светло за враќање на патеката.

Се вчитува...