Страшен пожар во Лос Анџелес, евакуиран и Леброн Џејмс

Илјадници семејства беа евакуирани од своите домови по страшниот пожар што дивее во регионот на Лос Анџелес.

Еден од оние кои мораше привремено да бара нов дом за себе и своето семејство е и Леброн Џејмс, чија супер-модерна куќа се наоѓа во ризичниот реон кон кој пожарот опасно се приближува.

„Овој пожар не е шега. Морав итно да се евакуирам и се возам околу со семејството, обидувајќи се да најдам соби“ – напиша Леброн на својот твитер-профил, нешто подоцна обелоденувајќи дека успеал да најде сместување.

Се вчитува...