Страшен судир на Мото ГП, Валентино Роси спаси жива глава (видео)

Денешната трка од Мото ГП шампионатот што се возеше во Австрија беше предвреме прекината по излетувањето и страшниот суд на Јохан Зарко и Франко Морбидели. Трагедија беше избегната откако моторот на Зарко продолжи да се движи со значителна брзина, завршувајќи сантиметри крај залетаниот Валентино Роси.

Зарко и Морбидели се најдоа на песокот крај патеката, но двата мотори продолжија да се движат, превртувајќи се во воздухот токму на свиокот на кој останатите мотори се движеа со огромна брзина.

Лесно можеше да дојде до трагедија, но моторот на Зарко заврши точно меѓу Вињалес и Роси, сантиметри пред „италијанскиот доктор“.

Погледнете го овој голем инцидент, по кој трката беше прекината…

Се вчитува...