Страшен удар за ФИФА: Русија идната година планира „паралелен Мундијал“!?

Русија планира да одржи турнир за време на вистинското Светско првенство во Америка, а тие би ги поканиле репрезентациите кои не успеале да стигнат до вистинското Светско првенство.

Репрезентацијата на Русија има забрана за учества на ФИФА и УЕФА натпреварувања поради инвазијата во Украина, а сега ќе може да организира Мундијал, на кој ќе учествува таа самата со уште неколку селекции.

Селекцијата на Србија би била меѓу првата што ќе добие покана, а се споменува дека и Босна и Херцеговина би можела да заврши на турнирот доколку не се квалификува во дополнителните квалификации за играње на вистинскиот Мундијал.

Русите на секој начин се обидуваат да се вратат на светската фудбалска мапа, а со организирањето на нивниот турнир сакаат да ја намалат гледаноста на оној во Америка, но на сите им е јасно дека очите на светот ќе бидат насочени кон Канада, Мексико и САД.

Се вчитува...