Страшна несреќа: Мотоциклист се бори за живот по пад на релито Дакар

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон се бори за живот во болница во Саудиска Арабија по тешката несреќа што ја имаше пред крајот на втората етапа од релито Дакар.

Фалкон се движеше со голема брзина кога ја загуби контролата над моторот, а при падот се здобил со сериозни повреди на главата и во критична состојба со хеликоптер беше пренесен во болница во Ал Дувадим. Како што информираат шпанските медиуми, лекарите на лице место на несреќата најпрвин го оживувале Фалкон, кој немал пулс кога тие пристигнале на местото на незгодата.

„Се се случило на 15 километри пред целта. Фалкон паднал и силно удрил со главата во песокот. Болничарите го оживувале на лице место, по што е пренесен во болница. Се уште не се знае дали има само повреди на главата поради патот или можеби паднал поради мозочен удар“, изјави директорот на релито, Дејвид Кастер.

Фалкон се наоѓаше на 79. место во генералниот пласман по првата етапа од релито Дакар.

Се вчитува...