Страшна повреда на Жиру: Го пропушта Светското првенство!?

Синоќешниот пријателски натпревар меѓу Франција и САД (1-1) донесе и крвави сцени на теренот по судирот меѓу Оливие Жиру и Мата Миазга.

По судирот со глава, Жиру и Миазга останаа да лежат на теренот по што и двајцата мораа на шиење. Жиру доби шест, а неговиот противник дури 15 конци.

Сомнежите се дека и двајцата имаат потрес на мозокот, па според пишувањето на француските медиуми под знак прашање е дали Жиру ќе може да настапи на Светското првенство во Русија.

Од таборот на француската репрезентација најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе има детални информации околу неговата здравствена состојба.

Се вчитува...