Страшна позадина на трагедијата која ја потресе Хрватска: 45 минути борба за живот, неодамна му почина и таткото!

Хрватска е во шок по големата трагедија која се случи на натпреварот од Третата фудбалска лига во Славонски брод меѓу домашната Марсонија и Славонија кој траеше само седум минути поради трагичната смрт на 26-годишниот фудбалер на Марсонија, Бруно Бобан.

Бруно по еден добиен удар со топка во гради се сруши на терен, веднаш се активираа најпрво соиграчите и лекарските тимови а потоа и екипата на Брзата помош. Цели 45 минути траела борба за живот, но на крајот не се успеа да се реанимира срцето на Бруно.

За време на целата таа мачна ситуација од трибините и од теренот се слушаа постојано лелеци и молитва. Во неколку наврати Бруно дал и знаци на живот, па се слушаше и гласно бодрење од трибините, но на крајот сите со соочија со она најстрашното.

Бруно Бобан потекнува од фудбалско семејство, во моментов е и најдобар стрелец во Третата лига Исток во Хрватска, а неговиот брат Габриел е фудбалер на Осијек.

Сега семејството е повторно завиено во црно, откако само пред неколку месеци починал и таткото на Бруно. Без збор вчера останаа и сестрите на фудбалерот на Марсонија, Мартина и Зорица како и братот Габриел.

Се вчитува...