Страшна трагедија во Турција: На 27 години загина поранешен турски репрезентативец

Турција утрово ја погоди страшна вест за загинувањето на фудбалерот Ахмет Чалик (27) кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила утрово откако Чалик изгубил контрола и се превртел. Веднаш пристигнале екипи на прва помош, но било предоцна.

Чалик е актуелен член на Коњаспор, а во својата кариера играше и за Галатасарај за кого играше три години, а беше дел и од Генчлербирлиги. За турската репрезентација има одиграно осум натпревари и постигнато еден гол. Последен пат добил повик за Турција пред четири години, а настапувал за сите помлади селекции на својата земја.

Беше на клупата на пријателскиот меч со Македонија во јуни 2017 година во Скопје, кој заврши без голови.

Се вчитува...