Страшни сцени: Голман на Црвена Звезда тепан со каиш во центарот на Белград

Младиот голманска на Црна Звезда и на младинската репрезентација на Србија, 17-годишниот Стефан Маринковиќ, бил претепан за време на роденденска прослава во центарот на Белград.

Тројцата напаѓачи најпрвин имале вербална расправија со тинејџерот, по што го нападнале на паркингот во близина на еден шопинг центар во српската меторпола. Маринковиќ најпрвин успеал да побегне, но напаѓачите го стигнале и почнале да го тепаат на улицата пред трговскиот центар.

Тие неколку минути го шутирале голманот кој останал да лежи на улицата, а еден од нив го тепал Маринковиќ со каишот кој му паднал од панталоните. Како што јавуваат српските медиуми, тројцата се обиделе да го уфрлат во автомобил и да го однесат на друга локација, но тој успеал да им побегне.

Се вчитува...