СТРАШНИ СЦЕНИ: Тешка повреда на Лука Дончиќ… (ВИДЕО)

Една од најголемите НБА ѕвезди, Словенецот Лука Дончиќ заработи страшна повреда на синоќешниот дуел за Далас. По само една минута игра Лука при обид за еден шут незгодно доскокна со десната нога притоа извртувајќи го зглобот.

Веднаш потоа, сосема очекувано, потскокнувајќи го напушти паркетот, а потоа и салата не сакајќи ништо во тој момент да коментира за медиумите.

Се уште не е позната тежината на повредата. Од Далас истакнаа дека во текот на денот ќе соопштат колку Дончиќ ќе мора да паузира…

 

Се вчитува...