Одличната црногорска голманка Марта Батиновиќ ги минува дефинитивно најтешките денови во својата кариера, по тешката повреда на натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска на Светското првенство за ракометарки.
Батиновиќ се повреди во 18. минута од средбата, која со силни врисоци и солзи на очите побара лекарска интервенција, но вистинскиот шок за неа следеше по влегувањето во соблекувалната и деталниот преглед на повредата.
Констатирано е дека настрадале лигаментите на коленото што значеше не само крај за неа на Светското првенство, но и повеќемесечна пауза од исклучително тешката повреда.
Tungt avbräck för Montenegro inför mötet med Sverige ❌
Målvakten Marta Batinovic blev utburen skadad i förlusten mot Kroatien pic.twitter.com/1XPyfJiWSt
— Viaplay Sport SE (@ViaplaySportSE) December 7, 2023
Сето ова навестува дека Батиновиќ сигурно ќе ги пропушти и олимписките квалификации следната година, но можно е да не биде подготвена и за настап на ЛОИ 2024 во Париз ако Црна Гора успее да се пласира на турнирот.
И покрај поразот од Хрватска, Црногорките се уште имаат шанса да се пласираат во четвртфиналето на СП ако во следното коло во групната фаза слават над Сенегал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА