Страшни сцени во Аргентина: Пукна трибината на Бока на која се наоѓаа навивачи (ВИДЕО)

Луди сцени од стадионот на Бока Јуниорс, популарната „Ла Бомбонера“. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како трибината е пукната и како се тресе, се чини дека во секој момент може да се случи трагедија. Но, тоа како да не им смета на навивачите на Бока.

Со надеж дека оваа снимка ќе стигне и до раководството на аргентинскиот тим, и ќе реагира додека не се случи голема трагедија.

„Не одете на домашниот стадион на Бока“, стои во дел од коментарите кои се појавија на снимката.

Се вчитува...