Страшни сцени во Мадрид – Дембеле се онесвести на тренингот на Атлетико (видео)

Денешниот тренинг на Атлетико Мадрид беше прекинат откако голгетерот на оваа екипа, Муса Дембеле колабираше за време на загревањето, по што веднаш беше пренесен во клиника во шпанскиот главен град.

Фудбалерите на Атлетико кои не се дел од репрезентациите работеа под водство на Симеоне, но сите останаа шокирани кога Дембеле при истегнувањето остана да лежи. За среќа, веднаш му беше дадена прва помош, по што состојбата беше стабилизирана.

Според шпанските медиуми, тој ќе остане во клиниката уште најмалку 24 часа, а добра вест е што витални функции му се нормални.

Се вчитува...