Страшни сцени: Вокер на носилки изнесен од теренот (видео)

Бостон загуби со 96-92 на гостувањето во Денвер, но на „зелените“ многу потешко од поразот им падна повредата на нивниот главен играч Кемба Вокер, кој сериозно настрада при судирот во соиграчот Семи Олејеле.

Тренерот на Бостон веднаш ја прекина акцијата, на Кемба му беше укажана медицинска помош, но откако стана јасно дека ситуацијата е сериозна, асот на Селтикс на носилки беше изнесен од теренот и пренесен во најблиската клиника во Денвер.

Се вчитува...