Страшни закани кон директорот на Баерн: Овој нож е за твојата сопруга и за децата…

Да се биде спортски директор на Баерн Минхен е одговорна работа што носи голем притисок, но Хасан Салихамиџиќ дефинитивно не помислуваше дека оваа функција може да стане опасна по живот за него и неговото семејство.

Навивачите се бесни по елиминацијата на тимот од Вилјареал од Лигата на Шампионите, а дел од нив вината ја лоцираат токму кај директорот и изборот на нов тренер (Нагелсман на местото на Финк) и засилувања. Сепак, работата ја надмина границата на нормала откако дел од незадоволните фанови испратија смртни закани кон Салихамиџиќ и неговите најблиски.

Сопругата Естер објави една од бројните закани што пристигнале до нејзиниот профил на социјалните мрежи.

„Ако Салихамиџиќ не го напушти Баерн, овој нож ќе биде употребен на тебе и на вашиот син. Се гледаме наскоро“, пишува во една од пораките што Естер ги обелодени во јавноста.

За главен грев на екс-репрезентативецот на БиХ се зема конфликтот што го имаше со екс-тренерот Ханси Флик, по што трофејниот стручњак на крајот реши да си замине, прифаќајќи ја понудата да стане селектор на германската репрезентација.

Се вчитува...