Вистински хаос на Ф1 трката за Големата награда на Монте Карло во Формула 1.
Прекината е трката на десет круга пред крајот, а болидите се во бокс, и ќе ја завршат трката со спринт, откако само што заврши возењето зад безбедносното возило.Шарл Леклер се удри во ѕидот на истото место каде што претходно тоа го направи и Ленс Строл.
Ленс Строл ја изгуби контролата врз својот Астон Мартин и се удри во заштитната ограда. Па, безбедносното возило беше на патеката како болидот на Строл би бил отстранет.
Потоа само што се тргна безбедносното возило и Леклер се заби во ѕидот, па трката е во прекин.
Onboard with Charles Leclerc for his crash, prior to the Red Flag! 👇#F1 #MonacoGP pic.twitter.com/VdOHk9FSRM
— Formula 1 (@F1) June 7, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
