СТРАШНО: Место прослава парижаните цела ноќ дивееја – Повредени полицајци, а повеќе од 500 приведени (ВИДЕО)

Судирите меѓу навивачите и полицијата низ цела Франција синоќа по освојувањето на трофејот во ЛШ на ПСЖ, доведоа до повеќе од 400 апсења.

Илјадници полицајци се распоредени за да ги спречат немирите што го нарушија сообраќајот во Париз. Беа запалени факели и огномет, а неколку полицајци беа повредени во конфликтот.

Ова е втора победа по ред за ПСЖ во Лигата на шампионите, но и втора победа на насилство поттикнато од фудбалот, бидејќи немири беа видени и минатата година.

Снимките од Париз покажуваат палење факли, горење електрични велосипеди и толпи што кршат излози.

Шанзелизе беаше преплавен од навивачи кратко откако „светците“ славеа по пеналите над Арсенал.

Претходно во текот на денот, имаше и конфликт меѓу полицијата и навивачите пред „Паркот на принцовите“.

Полицијата објави дека шест возила, две деловни згради и автобуска станица се оштетени за време на немирите.

Министерството за внатрешни работи објави дека 416 лица се уапсени во раните утрински часови.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека седум полицајци се повредени и ги нарече немирите „апсолутно неприфатливи“.

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен напиша „дека само во Франција победата на фудбалски клуб предизвикува немири“.

Фудбалерите треба да учествуваат на парадата на победата во недела попладне, покрај Ајфеловата кула, а закажан е и прием со претседателот Емануел Макрон.

Минатата година, судирите на улиците доведоа до две жртви, вклучувајќи и едно 17-годишно момче.

Се вчитува...