Страст за фудбал: Џерард, Овен и Фердинанд „полудеа“ по голот на Барса (видео)

Страста за фудбалот е она што ги обединува оние најголемите, да се радуваат како тие да постигнале гол и да се пласирале во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Како поинаку да се опише реакцијата на трите англиски фудбалски легенди, Рио Фердинанд, Стивен Џерард и Мајкл Овен, по постигнувањето на голот на Серхио Роберто.

Тројцата асови му беа гости на Гери Линекер во емисијата на телевизијата „БТ Спортс“, а нивната реакција кажува буквално се. И додека Џерард и Фердинанд го прославија прегрнати голот за фудбалска историја на Роберто, многумина се прашуваат што правеше Мајкл Овен трчајќи околу масата.

Се вчитува...