Стравичен инцидент на трката „500 милји Дејтона“ (ВИДЕО)

Стравичен карамбол се случи на легендарната трка „500 милји Дејтона“, а со потешки повреди се здоби Рајан Њумен во последниот круг. Неговото возило се преврте неколкупати, а потоа и се запали. За среќа, брзо реагираа дежурните служби, го извлекоа од возилото и го одведоа во болница. Како што информираа од НАСКАР, неговиот живот не е загрозен.

На трката триумфираше возачот на Џо Гибс Рејсинг, Деи Хамлин, кој умешно ја искористи позицијата во фотофинишот.

Се вчитува...