Стравични сцени: Кечер заврши со ‘скршен врат’, но остана жив (ВИДЕО)

Познатиот кечер Биг Е заработи тешка повреда за време на перформанс со колегата Риџ Холанд во рамките на шоу од ВВЕ федерацијата.

Холанд над него изврши стандардно фрлање, но овој пат падна на вратот и се здоби со тешка повреда.

Веднаш беше јасно дека нешто не е во ред, па експресно е префрлен во болница. По интервенцијата неговата состојба е стабилизирана.

„Не може доволно да искажам благодарност на сите пораки кои ги добив. Докторите ми кажаа дека вратот ми е скршен, но ќе бидам добро. Имам пред мене период за опоравување но ќе помине“ – истакна Биг Е, откако се стабилизира неговата ситуација во болницата.

Се вчитува...