Италијанскиот мотоциклист Марко Бецеки доживеа тежок судир на трката од Мото ГП, на познатата патека Асен за Големата награда на Холандија, на која славеше младиот Јапонец Аи Огура.
На таа трка се случи страшен инцидент кога возачот на Априлија, Марко Бецеки, падна од својот мотоцикл.
Бецеки ја изгуби контролата врз мотоциклот на крајот од вториот круг, на една од последните кривини…
BEZZECCHI CRASHES OUT!!! 😱
This was huge for the World Championship leader 💥#MotoGP | #DutchGP | Live on TNT Sports and HBO Max pic.twitter.com/mC2TViaMiX
— TNT Sports Bikes (@bikesontnt) June 28, 2026
Првите прегледи, извршени на патеката во Асен, покажаа дека Бецеки е целосно свесен, има нормална подвижност на рацете и нозете и нема знаци на големи невролошки и системски компликации.
Сепак, поради силната болка, која е резултат на силата на ударите што ги доживеал, медицинскиот тим одлучи да го упати Бецеки на подетални прегледи.
Априлија истакна дека италијанскиот мотоциклист на тој начин ќе ја добие точната дијагноза и дека тимот ќе објави штом ќе го добие официјалниот лекарски извештај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
