На дербито помеѓу Вардар и Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, нема голови по првото полувреме.
Вардар одлично го почна мечот, имаше две полушанси. Како одминуваше времето, Шкендија се ослободуваше од притисокот, па почна да игра повеќе со топката, а првата закана ја имаше Ибраими дури во 44. минута, меѓутоа Талески одбрани и промена на резултатот немаше, односно мируваа мрежите во првиот дел на големото дерби во ПМФЛ.
Во вториот меч кој се игра на ТЦ „Петар Милошевски“ во ФФМ, Скопје и Струга Трим Лум исто така играат без голови. Стружани ја имаат иницијативата, но тешко доаѓаат до шанса да го загрозат голот на Наумовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
