Стручните лица советуваат: Селектори, дозволете им секс на фудбалерите на СП!

Како и пред секое големо спортско натпреварување, посебно фудбалот како најатрактивен спортски собир, се наметнува постојано темата: „Дозволен секс или не за фудбалерите за време на СП!?“

Бразилците, Колумбијците, Французите, Германците, Холанѓаните, Аргентинците и Белгијците имаа за време на СП 2014 во Бразил уреден и редовен сексуален живот, па како такви без проблеми стигнаа до четвртфиналето. Забранет секс од селекторите имаа Италијанците, Шпанците, Русите, Португалците и Хрватите, па испаднаа веќе по натпреварите по групи.

До почетокот на СП во Русија има само пет дена, а некои од селекторите се уште не одлучиле дали ќе дозволат сексуален живот за играчите или не за време на Мундијалот.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ категорично соопшти дека нема да дозволи такво нешто, затоа што тие како тим се во Русија по сериозна работа, а не за забава.

Но, со ставот на Далиќ и некои негови колеги кои го делат истото мислење не се согласуваат светските психолози и сексуални терапевти.

„Нема доказ дека апстиненцијата или сексуалните односи влијаат на ефектот на спортистите. Поради тоа нема никаква потреба за забрана за секс. Ако гледаме така, тогаш и мастурбацијата по ништо не е подобра од сексот. Во двата случаи се случуваат еднакви промени во телото“ – велат стручните лица.

Поранешниот хрватски селектор Чиро Блажевиќ се сеќава на една интересна ситуација од СП 1998 кога Хрватска стигна до бронзата…

„Ние тогаш не дозволивме секс во кампот. Но, имав една интересна ситуација. Дојде еден играч кај мене и побара да го пуштам да оди во Париз една ноќ поради ‘итна работа’. Ми призна дека е жена во прашање и јас го пуштив. Го задолжив синот да го однесе во Париз и да ми го врати здрав и жив. Следниот ден имавме натпревар, а мојот ‘грешник’ беше најдобар на терен“ – открива Блажевиќ.

На, нешто слично се потсетува германскиот репрезентативец Марио Баслер од ЕП 1996 кога Германија стигна до титулата…

„Селекторот Берти Фогтс ни рече дека можеме да бидеме со жените кога сакаме освен на полувремето од натпреварите. Беше тоа една феноменална атмосфера во кампот, а ние станавме европски шампиони“ – вели Баслер.

Се вчитува...