СТРУГА 2021: Еурофарм Пелистер подобар од Металург, минимална победа од 25-24

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа на првиот свој меч на 49.издание од традиционалниот турнир „Струга 2021“. Битолчани славеа со 25-24 во пресметката против Металург, кој играше без браќата Њокас.

Металург одигра далеку поквалитетен меч за разлика од оној вчерашниот со Тиквеш, па на полувремето имаше и предност од 13-14 против фаворитот.

Сепак, во второто полувреме Еурофарм Пелистер одигра поконцентрирано во одбраната, па на 15 минути пред крајот дојде и до водство од 20-17. До крајот рутински се одржуваше предноста за конечна победа.

Во првиот денешен дуел на турнирот ракометарите на Бутел Скопје и Струга одиграа неизвесен натпревар, ремизирајќи 23-23. Во последното трето коло Бутел Скопје ќе игра против Вардар, а на Струга и останува натпреварот за пласман.

Се вчитува...