СТРУГА 2021: Вардар му се реваншираше на Пелистер за поразот во Суперкупот

Вардар му се реваншираше на Еурофарм Пелистер за поразот во Суперкупот, откако во финалето на турнирот во Струга по продолженија славеше со 33-32.

Првото полувреме помина во една егал игра во која за нијанса подобри беа „црвено-црните“ кои на пауза заминаа со предност од 15-14. Како и на мечот во Суперкупот, така и во Струга, битолчани заиграа далеку подобро во вториот дел и во 46. минута имаа за првпат и плус три 21-18.

Сепак, натпреварот влезе во егал завршница. Пелистер имаше напад за победа, но Божиќ-Павлетиќ не успеа да реализира во последниот напад, а натпреварот замина во продолженија. Таму подобро се снајдоа „црвено-црните“, а победата ја донесе Тимур Дибиров со гол од пенал на три секунди до крајот.

Претходно во натпреварот за третото место Бутел славеше над Тиквеш со 29-20, додека во мечот за петтото место Металург беше подобар од Струга со 29-23.

Се вчитува...