Струга го потпиша и Исмајли од Теута

Екипата на Струга ТЛ дополнително се засили во пресрет на третото коло и големото дерби со шампионот Вардар откако стружани попладнево се засили со Кендрим Исмајли.

Станува збор за 27-годишен албански фудбалер кој доаѓа од редовите на Теута во Албанија, а претходно има настапувано и за Тирана и за Фљамуртари.

Исмајли настапува како лев бек, но по потреба добро се снаоѓа и во средината на теренот, па интересно ќе биде да се види каде стружани ќе го користат новото засилување.

„Дојдов во Струга ТЛ поради добрата организација на овој клуб, имав контактирано со директорот и во минатото, сакам да му се заблагодарам за довербата, сега дојде време овој трансфер да се реализира. Исто така, имам играно за тренерот Шкемби во Тирана и со задоволство повторно ќе работам со овој стратег“, изјави Исмајли по потписот на договорот со Струга ТЛ.

Се вчитува...