Струга кобна за Муарем Бајрами, Шкупи го смени тренерот

Македонскиот прволигаш Шкупи одлучи да му даде отказ на тренерот Муарем Бајрами. По поразот на вчерашниот натпревар против Струга Трим Лум, раководството на клубот од Чаир одлучи да се раздели со стратегот кој доби беше именуван и доби поддршка на стартот од сезоната.

Во наредните неколку дена, според најавите од Шкупи, треба да биде именуван наследникот на Муарем Бајрами. Интересно е дека Муарем Бајрами пред четири дена го именуваше Тони Мегленски за свој прв соработник, а сега тој најверојатно би можел и да продолжи да го предводи составот, барем до носење на нова одлука.

Се вчитува...