Струга лесно го „освои“ Куманово

Ракометарите на Струга го совладаа Куманово на негов терен со 33-22 во меч од деветото коло во ракометната „елита“. Стружани се доближија до триумфот уште по првиот дел, кога имаа предност од 15-11, а потоа до крајот само константно ја зголемуваа предноста.

Струга со оваа победа, стигна до петтиот триумф во сезоната, и се зацврстија на четвртото место на табелата.

Ненад Костоски беше предводник на победата на гостите со осум гола, додека Бошњак додаде седум. Кај Куманово пет гола постигна Иван Димитров.

Се вчитува...