Дисциплинската Комисија при фудбалската Федерација на Македонија на својот последен состанок ги донесе следните одлуки:
-Се поведува дисциплинска постапка против ФК Струга Трим Лум поради занемарување на обврските, односно необезбедување паркинг-простор за гостинскиот автобус и несоодветно обележување на теренот.
-Се поведува дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 поради слаба организација на натпреварот, односно фрлање шише со вода на теренот и скандирање на национална основа.
-Фудбалерот на ГФК Охрид Лихнидос, Албнор Каба, се казнува со забрана за настап на четири натпревари поради добиен директен црвен картон на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.
-Фудбалерот на ЗФК Новаци 2005, Стефан Спироски, се казнува со забрана за настап на четири натпревари поради добиен директен црвен картон на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.
-Фудбалерот на ЗФК Новаци 2005, Јусуф Каба, се казнува со забрана за настап на еден натпревар поради добиен втор жолт картон, односно црвен картон, на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.
-Претставникот на ЗФК Новаци 2005, Игор Стојкоски, се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец поради добиен црвен картон на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.
-Претставникот на ГФК Охрид Лихнидос, Благоја Буџакоски, се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец поради добиен црвен картон на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.
-Фудбалерот на ФК Скопје, Дарко Секоски, се казнува со забрана за настап на еден натпревар поради добиен втор жолт картон, односно црвен картон, на натпреварот од 3. коло во Прва МФЛ меѓу ФК Силекс и ФК Скопје.
Фудбалерот на ФК Тетекс, Александар Атанасијевски, се казнува со забрана за настап на еден натпревар поради добиен втор жолт картон, односно црвен картон, на натпреварот од 1. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Македонија ЃП и ФК Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
