Струга на местото на Пролет во Суперлигата

Екипата на Струга се враќа во Суперлигата, и ќе го заземе местото на Пролет, кој од финансиски причини се откажа од настап во ракометната „елита“.

Пролет донесе одлука за истапување, а Струга, која минатата сезона испадна од Суперлигата, сега се враќа.

Стружани во меѓувреме добија ново раководство и веќе е сместена во елитното друштво пред предлог пропозициите што во понеделник ќе бидат усвоени на Конференцијата на клубовите.

Се вчитува...