Струга останува 100%, триумф и во Радовиш

Струга продолжува во победнички итам во елитното ракометно друштво, откако избраниците на Доне Бошковски во третото коло го задржаа стопроцентниот ефект, славејќи на гостувањето против Радовиш со резултат 32-35.

Првото полувреме мина во израмнета борба, стружани некоолку пати се одлепуваа резултатски, но домашните ракометари успеваа да се вратат од „минус три“ и на одмор се замина со минимални 18-19. Пресуден се покажа првиот дел од второто полувреме, во кое Струга беше подобар противник на теренот и успеа да поведе и со пет гола разлика (22-27). Со двата гола на Ивица Лазаревски домаќините на седум минути до крајот дојдоа на само еден гол негатива (30-31), но стружани одговорија со сопствена серија голови и на крајот заслужено стигнаа до триумф.

Дарио Петровски одигра извонреден натпревар постигнувајќи десет гола, два повеќе од Грузиецот  Тсителишвили. Кај Радовиш, Лазаревски постигна осум, а Симиќ седум погодоци, сепак недоволно за да се избегне пораз.

Се вчитува...