Струга ТЛ атакува неизбежно на трите бода на дуелот против Арсими во денешниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Напаѓачот Марјан Радески верува дека тимот може да дојде до победата…
„Го почитуваме Арсими, но Струга оди по трите бода на мечот. За да го оствариме тоа, знеме дека мора да дадеме максимумот затоа што во модерниот фудбал повеќе нема лесни противници. Мора да бидеме на потребното ниво и да одиграме како што знаеме, за да ја продолжиме победничката серија на домашен терен“ – вели Радески.
Но, и Арсими има свои математики…,
„Не очекува многу тежок натпревар на гостински терен против Струга. Ја знаеме нивната сила и квалитет, но ние добро работевме во текот на неделата и на теренот ќе влеземе со голема мотивација и концентрација. Ќе се обидеме да ги исполниме задачите на тренерот и да го дадеме максимумот од првата до последната минута. Играме за позитивен резултат и веруваме во работата и во групата што ја создадовме. Се надеваме дека со максимален ангажман ќе се вратиме од Струга со бодови. Им благодариме на нашите навивачи за поддршката и се надеваме дека со нашата игра ќе ги направиме горди” – вели Ардит Иљази пред денешниот дуел.
Натпреварот Струга ТЛ-Арсими ќе се одигра денеска во 16 часот на градскиот стадион во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
