Струга со перфектен втор дел го „скрши“ отпорот на Скопје

Ракометарите на Струга со одлично одиграно второ полувреме дојдоа до посакуваната и планира победа на гостувањето против Скопје во 11. коло од Групата Б во Суперлигатана Македонија.

Стружани триумфираа со убедливи 29-38, благодарение само на перфектниот втор дел во кој целосно го „скршија“ отпорот на домашните.

Претходно, низ израмнето прво полувреме Скопје се држеше рамноправно со фаворитот заминувајќи на паузата со негатива од само два гола (17-19).

За Струга ова е шеста победа сезонава, наспроти и пет пораз, зацврстувајќи се на четвртата позиција на табелата во Групата Б, зад Алкалоид, Тиквеш и Охрид. Ракометарите на Скопје, пак, се на претпоследната позиција со само две ремија и девет порази.

Се вчитува...