Екипата на Струга Трим Лум, ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот ќе атакува на излез на меѓународна сцена. Засилени со најдобриот голгетер во ПМФЛ, денеска Стружани означија старт на тренинзите.
Покрај Бесарт Ибраими, ново име во редовите на Струга ТЛ е Фатјон Јусуфи. Струга го задржа костурот на екипата, а од тимот заминаа само Немања Босанчиќ, Флоријан Кадриу и Давор Талески.
Токму голманската позиција е проблематична во моментов за стружани. Требаше да биде пополнета со Душан Чубраковиќ, но сега се споменува досегашниот голман на Ренова, Хадис Велии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА