Струга ТЛ ги задржа и капитенот Таири и Кочоски

Струга Трим Лум работи на средување на играчкиот кадар за следната сезона, а во тек се преговори со оние играчи кои раководството сака да ги задржи.

Клубот веќе објави дека ја продолжи соработката со тренерот Срѓан Захариевски, а потоа и со играчите Абдулхади Јахја, Буњамин Шабани, Ард Касами и Бесмир Бојку, додека од клубот си заминаа голманот Давор Талески, како и Петар Босанчиќ и Флориан Кадриу. Ново име во редовите на стружани е најдобриот стрелец во ПМФЛ, Бесарт Ибраими.

Тимот на Струга вчера објави дека се продолжени договорите и со капитенот Фламур Таири, како и со Валентин Кочоски. Кочоски ја продолжи соработката на уште две години, додека Таири стави „параф“ на договорот на уште една година.

Се вчитува...