Струга ТЛ го промовираше францускиот напаѓач Хамонд (ФОТО)

Екипата на Струга ТЛ за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига го промовираше францускиот напаѓач Агамаг Хамонд.

29-годишниот Хамонд, кој има и државјанство на Гана, во својата кариера досега настапувал само за француски клубови, главно нисколигаши како Дренси, Бајон, Либурн, Шаланс.

Изминатава полусезона настапувал за екипата на Шареј од каде сега се сели во Струга ТЛ.

Се вчитува...