Струга ТЛ и Македонија ЃП први полуфиналисти во Купот, пенали во Кратово меѓу Силекс и Вардар (ВИДЕО)

Струга ТЛ и Македонија ЃП се првите полуфиналисти во Купот на Македонија, откако славеа во четвртфиналните пресметки против Брегалница односно Академија Пандев.

Струга ТЛ ја победи Брегалница пред своите навивачи со 2-0 со головите на Малиќи уште во 2. минута и Буњамин Шабани во 58. минута од средбата.


Македонија ЃП, пак, триумфираше со 1-0 против Академија Пандев со погодокот на Самаке во 73. минута.

Во Кратово, по регуларниот дел Силекс и Вардар играат без голови, па пеналите ќе одлучуваат околу третиот патник во полуфиналето.

Како што е познато, дерби-натпреварот од четвртфиналето меѓу Шкупи и Шкендија беше прекинат во 10. минута при водство на Шкендија од 0-1, поради големиот инцидент по погодокот на Дашмир Елези и упадот на домашните навивачи на теренот на стадионот во Чаир.


КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-1 (ПРЕКИНАТ)
Елези 9′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Малиќи 2′, Шабани 59′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-0
Самаке 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 0-0

Се вчитува...