Струга ТЛ и Вардар играат без голови по првите 45 минути во дерби натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во главно низ полувреме без многу возбудувања, домашните беа поблиску до предност на натпреварот.
Беше поништен гол на Радески во 38. минута поради офсајд позиција, а истиот играч само две минути подоцна ја имаше и најголемата шанса кога изби сам пред голот на Талески, но шутираше млако директно во добро поставениот голман на Вардар. Во финишот и Исмаили имаше убава можност, но без реализација.
„Вардарци“ на спротивната страна имаа можност пред Кастањеда и Бабунски, но главно со шутеви од далечина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
